Роберт Јанкулоски: Фотографиите на Манаки се прототип на современата фотографија

Фотографиите на браќата Манаки се не само историски документи, туку и уметнички дела со значајно влијание врз современата фотографија. Како што објаснува Роберт Јанкулоски, фотограф и истражувач на делото на Манаки, нивните фотографии претставуваат пример за фотографска естетика и се важен извор за учење за денешните фотографи и студенти по уметност. „Од фотографиите на Манаки може да се научи за сериозноста во пристапот кон работата и за страста која тие ја имале за фотографирањето,“ вели Јанкулоски, истакнувајќи дека секогаш треба да се има предвид времето и контекстот во кои се создадени овие дела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email