Ричард Гир отвори профил на Инстаграм: Испрати важна порака до своите следбеници (ВИДЕО)

Во рок од помалку од 24 часа, неговиот профил го следеле скоро 6.000 луѓе. Гир ја следи својата сопруга Александра Силва, пријателот Антонио Бандерас, Далај Лама и, секако, својата фондација.

Познатиот актер Ричард Гир, кој досега не беше активен на социјалните мрежи, конечно отвори свој профил на Инстаграм. Причината за неговото присуство на оваа платформа е важна порака која ја упати до своите следбеници.

„Здраво сите. Ова е кратка порака за да ве известам дека постојат многу лажни профили кои го користат моето име или се претвараат дека сум јас. Ве молам, не обрнувајте внимание на било кој друг профил кој тврди дека е мој. Ако сакате да ме контактирате или да го следите моето работење, единственото официјално место е преку @gerefoundation на Инстаграм. Ви благодарам за вашата поддршка и ве молам, бидете безбедни на интернет,“ рече Гир во својата прва објава.

Во рок од помалку од 24 часа, неговиот профил го следеле скоро 6.000 луѓе. Гир ја следи својата сопруга Александра Силва, пријателот Антонио Бандерас, Далај Лама и, секако, својата фондација.

The Gere Foundation активно поддржува човекови права, образование и зачувување на тибетската култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни