Search

Ретроспектива: Како некогаш, а како денес се слуша музика

Скоро и да не постои човек кој не слуша музика. Како што се развивало општеството така се менувале и начините на снимање, продуцирање и слушање музика. Повозрасните со носталгија често знаат да речат:

„Во мое време требаше да одиш и во друга држава за да купиш плоча, не како сега за една секунда да го најдеш посакуваниот хит на интернет“.

Можеби токму поради ваквата промена, која од денешна перспектива е многу попрактична за да го слушате тоа што е мелем за вашите уши се смени и квалитетот на продуцирање музика, сметаат познавачите. Сепак, како велат, секое време свои правила. Но ајде да се навратиме низ времето и да се потсетиме или пак да научиме од каде тргна историјата на музичките формати.

Носач на звук е медиум на кој е складиран одреден звук, најчесто музика

Восочните фонографски цилиндри

Томас Едисон со својот втор фонограф, фотографиран од Левин Корбин Хенди во Вашингтон, април 1878 година

Восочните фонографски цилиндри ги претставуваат зачетоците на носачите на звукот. Тие се појавиле во доцните 1880-ти, а нив ги пронашол американскиот пронаоѓач Томас Едисон. На нив била снимена музика во траење од најмногу две минути. Веќе на почетокот на 20 век се појавиле грамофонските плочи – изработени од поливинил и со димензии од 17, 25 и 35 сантиметри.

Грамофоноските плочи не се само црни, туку ги има во речиси сите бои

Грамофонска плоча — вид на носач на звук, многу популарен во 80-тите години на 20 век. Позната е и како LP и винил. Плочата е округла и од поливинилска маса. Во неа, спирално кон центарот се врежани траки на кои различна назабеност значи различен звук. LP-плочите имаат пречник од 12 инчи, се вртат со 33 1/3 вртежи во минута и содржат околу 15-ина песни. Постојат и други, специјални плочи за синглови, 8-инчни во пречник, со брзина од 45 вртежи во минута и содржат обично една или две песни.

Бојата е само маркетинг, не и функционален делИзборот на боја понекогаш го одредувале самите музичари, понекогаш тоа го правеле продуцентите или луѓето задолжени за реклама во издавачката куќа. Сепак, од пресудно значење за изработката на плочи во боја биле најразличните типови винил, како и различните типови на пигмент.

Вокмен – некогаш револуционерен изум за слушање музика, денес само потсетник на едно време

Пред три децении „Сони“ го произведе првиот вокмен, уред кој од корен го промени начинот на кој луѓето слушаат музика насекаде во светот. „Сони“ продаде 30 илјади вокмени во првите два месеца откако излезе на пазарот и 50 милиони во првата деценија. 30 години потоа, „Сони“ се бори против ривалите како „Епл“, кој доживеа невиден успех со својот ај-под музички плеер.

Но ако се навратиме низ времето, барем они повозрасните, ќе се потсетиме дека првиот вокмен имал два влеза за слушали и копче за попуштање и намалување на тонот.

Компанијата тогаш навела дека моделот има два влеза за слушалки, за да поединци не го сметаат за непристојно лицето кое само слуша музика. Сепак со доаѓањето на ерата на преносни ЦД плеери, а подоцна и МП3 плеери и ајподи, вокменот изумре.

Албимот 52nd Street (1982) на Били Џоел — првиот компактен диск во продажба

Во раните 1970-ти, користејки видео ласердиск технологија, компанијата Philips, започнала со експерименти за аудио оптички дискови, кои ќе користат ФМ модулација. На крајот на 70-тите Philips, Sony и други компании ги претставиле своите прототипови за Аудио дискови. Во 1979 Philips и Sony одлучуваат да се спојат, и формираат работен тим на инженери чија мисија е да дизајнираат нов формат на аудио диск. По неколку години на експерименти тимот го создава „Red Book“, стандардот за компактни дискови.

Дизајнот на компактниот диск најпрво бил замислен како наследник на грамофонската плоча. Сепак со развојот на технологијата Компактнопт диск се развил до тој степен да може да зачувува било кој тип на информација. Па така во јуни 1985 на пазарот е претставен CD-ROM а во 1990 и CD-R.

Стандардните CD се достапни во две димензии. Најчестите се 120 милиметри(4,7) инчи пречник, со 74- или 80-минути аудио капацитет и 650- или 700 МВ капацитет за податоци. Оваа димензија е усвоена од страна на последователните формати како што се Super Audio CD, DVD, HD DVD, и Blu-ray Disc. Оригинално наменети за CD-сингл биле 80мм дискови, каде што можело да се зачува до 24мин музика или 210 МВ податоци, но за жал овој формат на CD никогаш не станал популарен.

Пред половина деценија и mp3 форматот го најави заминувањето во историјата

„Дигиталниот аудио формат mp3 оди во историјата“, со таков став во мај 2017 излезе Институтот Фраунхофер. Посочија дека престануваат со лиценцирање на програмата. Сепак, Mp3 се уште може да се користи. Но, форматите со подобар квалитет, кои се поефикасни и пофункционални полека поставуваат нови стандарди. Секако, стримингот денес е популарен начин преку кој публиката слуша музика и други аудио фајлови.

Институтот, кој е дел од Германскиот институт за истражување, е тој што придонесе во развојот на MP3 во доцните 80-ти, а помогна и во креаирање на AAC. Овој формат се смета дека е засега најквалитетниот формат за преземање музика и видеа на мобилните телефони.

Поминаа две децении откако Apple го претстави современиот уред за слушање музика, iPod

На 23 октомври 2001 година, Apple Computers јавно го претстави својот пренослив музички дигитален плеер на iPod. Создаден под проектното кодно име Dulcimer, iPod беше најавено неколку месеци по објавувањето на iTunes, програма која ги претвора аудио ЦД-а во компресирани дигитални аудио-датотеки и е дозволено да се организира нивната дигитална музичка колекција.

„Со iPod, слушањето музика никогаш повеќе нема да биде исто“, рече Стив Џобс на претставувањето на оваа мала и елегантна направа и за тоа време беше во право. Овој лесен апарат не само што ни овозможи да имаме повеќе простор во нашата соба, туку набрзо стана еден од најуспешните производи на „Apple“.

IPod се покажа како еден од најуспешните и најпопуларните производи на Apple.

Денес со еден клик можете да слушате што сакате, кога сакате и колку сакате

Не е важно дали сте или не носталгични, но сигурно е дека се уште во некоја фиока чувате грамофонска плоча, вокмен, CD или каков и да е уред за слушање музика. Во денешно време, мислиме на 2023 година, благодарение на интернетот и паметните телефони скоро никој нема потреба од дополнителни уреди за слушање на музика.

Поедноставно кажано, без да се грижите за тоа која песна на која плоча или касета е вие можете да уживате во истата, бидејќи скоро и да нема песна која не може да се најде на интернет. Се што треба е да имате желба да го слушате вашиот хит и да го најдете на интернет за само неколку секунди.

Најново

Последни колумни