Во новата епизода на РеТрн ДУО,ни гостува најдинамичниот пар од македонската YouTube сцена – Иван Ајнштајн и Кике Цветче! Познати под овие уметнички имиња, зад нив стојат Иван Бошковски и Христина Цветкоска – јутјубери, инфлуенсери, музичари, духовни водичи… добро, за ова последново ќе видиме.
Иван e јутјубер и дечко со заразен ентузијазам за животот. А Кике?
Кике Цветче е вистинска инфлуенсерка со инспиративна приказна – направи драстична телесна трансформација, ја освоји публиката со својата позитивна енергија, а фановите ја обожаваат поради видеата со саканиот Иван Ајнштајн – искрени, забавни и без филтер!
Заедно со нашиот Дениз, ова весело дуо ќе проба нешто поинакво – час по медитација.
Ќе откриеме: Дали Денз навистина е тип што медитира, или ќе му треба интернет водич за „дишење за почетници“?
Но, тоа не е сè. Оваа епизода е полна со искреност, смеење и неочекувани одговори. Ќе дознаете:
Колку долго се познаваат Иван и Кике ?
Кој е понервозен од сабајле ?
Како се справуваат со менталното и духовното здравје?
Кое е нивното омилено јадење,
Што би промениле кај себе ?
И конечно, омилени бои, вкусови, и… дали навистина си знаат сè еден за друг?
Не ја пропуштајте оваа духовито инспиративна епизода на РеТрн ДУО – каде што медитацијата е само почеток, а смеењето – загарантирано!