Веројатно најтрогателната песна за фановите на Дафт Панк реиздадениот албум на десетгодишнината од последниот албум на дуото, „Random Access Memories“, е веројатно онаа што пристигнува на самиот крај – хорска изведба на „Touch“ од оригиналниот албум што го најави крајот на бендот во 2021 година. Во двете години оттогаш, тие ги реиздадоа своите албуми додека Томас Бангалтер, појавната и позборлива половина на дуото, издаде соло оркестарски албум. Бангалтер, по две децении како робот, неодамна призна дека последното нешто што би сакал да биде, во светот во кој живееме, во 2023 година, е токму робот.
„Random Access Memories“, најчовечкиот албум во дискографијата на парот со кациги, беше паметен албум за затворање на поглавјето Daft Punk. Овој албум го обезбеди нивното место на врвот на светот на електронската музика и имаше свое место и на поп-листите. Беше невозможно да не се слушне или види Дафт Панк во периодот кога го издадоа албумот во 2013 година, а мејнстрим инфилтрацијата доведе до тоа овој албум да освои четири Греми следната година.

Овие достигнувања можеби беа незамисливи во 2005 година, кога се чинеше дека Daft Punk излегле од колосек. По успехот на „Discovery“ од 2001 година – албумот што и ги даде на денс музиката легендарните “One More Time” и “Harder, Better, Faster, Stronger” – тие го издадоа „Human After All“, албум кој нашироко се смета за нивен најлош. Критичарите го исмејуваа како рудиментирана, повторувачка и неинспиративна антитеза на сето она што го претставуваше нивниот претходен албум. Тој беше неспоредлив со „Discovery“, албум макотрно креиран во текот на две години и промовиран со аниме филм под надзор на Leiji Matsumoto, „Human After All“ беше снимен брзо, за две недели, продуциран во четири и објавен со минимална промоција.
Но, во 2006 година, историскиот сет на Coachella (плус турнејата што следуваше и албумот во живо) го обнови интересот за дуото и помогна да влезат во нова ера на денс музика. Преполна со џиновска сјајна пирамида и LED екрани, поставката на сцената на Daft Punk покажа продукциски вредности невидени во тоа време и инспирираше легија на големи EDM уметници како Skrillex. Кога дојде време за следниот потег на Дафт Панк, репутацијата што ја поставија на фестивалот во Калифорнија им овозможи да ги објават „Random Access Memories“ седум години подоцна со фанфари на ниво на поп ѕвезди.
Откако се здобија со широко распространето признание за нивниот звук налик на робот, дуото направи драстична промена: тие тргнаа на мисија да го рекреираат видот на музика што постоеше пред дигиталната продукција и техниките за семплирање што го донесоа Дафт Панк на прво место на топ листите. Одлуката беше поттикната од предизвикувачкото искуство на работа со оркестар додека се креираше музиката за филмот „Tron: Legacy“ од 2010 година. За овој следен проект, Бангалтер и де Хомем-Кристо ги оставија своите машини и наместо тоа вработија популарни и искусни музичари, избирајќи музичари кои соработувале со најголемите имиња од 70-тите и 80-тите, како што е Нил Роџерс од Шик, диско пионерот Џорџо Мородер и пејачот Пол Вилијамс.
Дафт Панк се сакани од повеќе генерации делумно поради нивната способност не само да ги канализираат туку и да ги почитуваат уметниците што биле пред нив. (Тоа е она што ја направи песната „Teachers“, во која тие извикуваа долг список на иноватори на хаус музиката по име). „Random Access Memories“ наликуваше на диско, прифајаќи го фанкот на Роџерс од Шик. Музиката во голема мера беше снимена во познати студиа за снимање низ Лос Анџелес, изработката на албумот чинеше над еден милион долари. Секако звучеше скапо, секој звук внимателно обмислен, продуциран во стилот на 70-тите, погодни за слушање на аудиофилите.

„Random Access Memories“ не беше револуционерна музика – ниту беше најдоброто дело на Дафт Панк – но би било пропуст да се игнорира значење на овој албум во историјата на поп музиката. Помеѓу списокот на големи имиња на албумот, песните со Фарел Вилијамс, „Get Lucky“ и „Lose Yourself To Dance“ беа најслушани. Од првата песна не можеше да се сокриеш, бидејќи беше нон-стоп пуштана по продавници за храна, свадби или фестивалски сцени.
Огромната сеприсутност на „Get Lucky“ го направи нешто како химна на раните 2010-ти им го донесе Гремито за албум на годината на Дафт панк, чест што ја делат со мегаѕвездите како Адел и Бруно Марс.
Списокот на соработници на албумот вклучува и вокали избрани од алтернативната сцена, давајќи му дополнителна предност како поп албум. На „Instant Crush“, Џулијан Казабланкас од The Strokes го напушти својот длабок, жестока глас за невообичаено висок, додека далечните извици на Panda Bear на „Doin’ It Right“ додадоа поп рок допир на препознатливите мелодии на Дафт панк.
Но, навистина фасцинантните хитови на албумот беа скриени во неговата втора половина, каде што дуото експериментираше со оркестрите што претходно им недостигаа. „Motherboard“ е ремек-дело на жичани инструменти и мелодии на флејта, на крајот склопени во вортекс звуци на сајзер. „Beyond“ можеби е најголемиот пример за способноста на дуото да ги премостува епохите и стиловите, со кулминација што ги спојува гитара, сајзер и роботските вокали на Дафт панк.
Реиздадениот албум за десетгодишнината вклучува девет необјавени песни, нудејќи пример за тоа како би можела да звучи малку помалку комерцијална верзија на „Random Access Memories“. „GLBTM (Studio Outtakes)“ на Дафт панк го отстранува сјајот од „Give Life Back To Music“, заменувајќи го со топлата резонанца на акустични инструменти, како пијано во бесна трка со гитара и ракоплескање. Резултатот е енергична одисеја на диско со повеќе нијанси. „Prime“, означена како „незавршена“, го дели истото влијание од 70-тите, обложена со избезумени жици и вирови на фанки гитара.
Младешките фалсети на „Horizon Ouverture“ левитираат пред да се крене црната завеса, откривајќи тажен оркестар кој прерано го завршува нивниот дел. Најемотивните реплики од реизданието, а можеби и каталогот на Дафт Панк, се истите оние кои го раскажуваа заминувањето на Дафт Панк во нивното проштално видео: “Home, hold on / If love is the answer / You’re home, hold on.”. Фразата е фатена во бура од сајзери што блескаат сè додека не ни останат само голите зборови.
Кога „Random Access Memories“ беше објавен во 2013 година, тоа беше, неизбежно, производ на огромна маркетинг кампања и уште поголеми хитови. Но, денес, албумот звучи заробен во временска капсула, жртва на сопствената страст за винтиџ звуци. Албумот е дел од причината поради која долгогодишните обожаватели можеби внимаваат кога кажуваат дека се стари фанови на Дафт панк, а не обожаватели привлечени од успехот на „Get Lucky“. Песните кои најмногу се истакнуваат на ова реиздание можеби нема да имаат најкомерцијална привлечност, но нивното вклучување ја нагласува брилијантноста скриена во последниот албум на Дафт Панк и степенот до кој дуото го еволуирало својот звук за време на неговото создавање.
Извор: Ra.co