По повод Меѓународнит ден на студентите, утре со почеток во 10 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе се одржи „Регионална Станица студентска“.
На настанот ќе се одржат три панел дискусии: „Ретроспектива на студентското организирање на УКИМ“, „Интеруниверзитетска соработка и студентско организирање“ и „Регионална соработка“.
„Паралелно на панел дискусиите, организираме саем на студентски и младински организации, со цел промоција на нивните активности пред студентите. Целта на панелите е да се даде осврт и ретроспектива на петгодишнината на универзитетското студентско организирање какво што е денес“, велат од МОФ.
По дискусиите, во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе има целовечерен културен настан за вмрежување и забава лансирана и платформата за Студентска работа – „Линкер“.
Говорници на првата панел дискусија ќе бидат досегашните претседатели на УСС УКИМ: Борјан Ефтимов,
Ева Цветковска, Славчо Темелковски, Александар Николовски.
Воведни обраќања ќе имаат министерката за образование Весна Јаневска, Албер Хани, генерален секретар на Регионална канцеларија за младинска канцеларија – РИКО, Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум и Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.