Речиси непозната џихадистичка група ја презеде одговорноста за нападот врз црква во Дамаск

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, групата посочи дека нападот е одмазда за „христијанските провокации во Дамаск“

Малку познатата џихадистичка група Сараја Ансар ал-Суна (Бригада на сунитските поддржувачи) ја презеде одговорноста во вторникот за смртоносниот самоубиствен бомбашки напад врз црква во јужен Дамаск, во кој загинаа 25 лица, а 63 други беа повредени, пренесува N1.

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, групата посочи дека нападот е одмазда за „христијанските провокации во Дамаск“.

Таа се закани со нови напади, вклучително и самоубиствени.

Таа група и претходно им се закануваше на христијаните, алавитите, друзите и шиитите.

Презеде одговорност за нападот врз селото Арзех во покраината Хами во февруари и им се закани на луѓето поврзани со Сириската опсерваторија за човекови права од Велика Британија.

Бомбардирањето било извршено за време на неделната миса.

Христијаните порано сочинуваа речиси 10 проценти од населението на Сирија, но нивниот број значително се намали поради годините војна и прогон. Многумина остануваат во големи градови како што се Дамаск и Алепо, каде што живеат во мешани заедници.

Сириското Министерство за внатрешни работи во понеделник објави дека во заедничка операција со тајната служба разбило ќелија поврзана со ИСИС, одговорна за организирање на нападот.

Шестмина осомничени беа уапсени, а двајца беа убиени. Властите запленија експлозиви, мини и муниција. Министерството нагласи дека истрагата продолжува и дека сите виновници ќе бидат казнети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни