Работилници за креативно менторство наменети за ученици од основните и средните училишта на Град Скопје

Целта на секоја работилница е да финализира со готов производ, а понатаму следи промоција, презентација, поврзување со можни стопански субјекти.

Од 15 мај започнаа работилниците за креативно менторство наменети за ученици од основните и средните училишта на Град Скопје и имаат за цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали како основа за понатамошен успешен раст и развој на младите.

Низ серија предавања и практична работа ќе се постигне повисоко ниво на креативност и инвентивност кај сите пријавени учесници со кои ќе работат експерти -ментори.

Целта на секоја работилница е да финализира со готов производ, а понатаму следи промоција, презентација, поврзување со можни стопански субјекти. На овој начин учениците ќе имаат можност да се вклучат во целокупниот процес на креирање и создавање т.е од идеја до реализација на идејното решение – производ.

Оваа година младите ќе имаат можност да се запознаат со рециклирање на отпад и пренамена во накит, како и со линорез.

Работилниците ќе траат до 30.05.2025 година.

Средствата за реализација на работилниците се обезбедени од Град Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни