„Пумпај“ и на РТС – млади играорци „пумпаа“ на српскиот национален сервис

„Пумпај“ е крикот што доста често се слуша во Србија изминатиов период, а стана препознатлив преку студентските протести и прошетки низ Србија. Стана еден вид симбол на нивните демонстрации, а можеше да се слушне минатиот викенд на РТС, медиумскиот сервис каде што најмалку се очекуваше.

Во емисијата „Шареница“ на РТС, Културно-уметничко друштво од Врбовец кај Смедерево изведуваа сплет на народни игри од Гњилане.

Веќе со денови на социјалните мрежи можеме да видиме разни снимки од културно-уметнички друштва на кои наместо вообичаените извици како „опа“, се слуша „пумпај“. Тоа се случи и на РТС.


Така, Културно-уметничката група Јован Којиќ Врбовац викендов „пумпаше“ на РТС, за време на изведувањето на народни ора, пишува магазинот Сити, заклучувајќи дека „пумпањето на РТС деновиве звучи подобро од каде било на друго место, со или без фолклор“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни