Првото видео објавено на Јутјуб пред точно 20 години – денес

Од името на оваа платформа е изведен дури и глагол – „Јутјубирај“. Животот во 21. век без Јутјуб изгледа незамислив, нели?

„Јас во зоолошката градина“ – тоа беше првото видео објавено на Јутјуб на денешен ден пред точно 20 години. Како се роди идејата што доведе до вирални сензации и ѕвезди како „Gangnam Style“ или „Baby Shark“?

Од името на оваа платформа е изведен дури и глагол – „Јутјубирај“. Животот во 21. век без Јутјуб изгледа незамислив, нели?

Сè започнало како необична идеја на тројца поранешни вработени во PayPal – Џавед Карим, Чед Херли и Стив Чен, кои го активирале својот домен на Денот на вљубените во 2005 година, без да знаат каде ќе ги одведе оваа авантура.

Од неуспех до револуција

На почетокот Јутјуб бил замислен како страница за состанувања со слоган: „Поврзи се, запознај се“. Но, никој не покажал интерес. Понудите за жени да постават видеа за 20 долари исто така пропаднале.

Потоа сфатиле дека корисниците почнуваат да објавуваат снимки од своите миленичиња, од одмори и слично. Решиле да ја отворат платформата за сите содржини – и тоа успеало.

До крајот на првата година, Јутјуб веќе имал корисници ширум светот благодарение на лесниот интерфејс и можноста секој да стане креатор. Корисниците можеа да „лајкнат“, коментираат и се претплатат – и содржините се редеа една по друга.

Во ноември 2006 година, Google го купи Јутјуб за 1,65 милијарди долари во акции.

Според легендата, Карим ја добил идејата за Јутјуб откако во 2004 година не успеал да најде видеа од два настани: скандалот со Џенет Џексон на Super Bowl и цунамито во Индискиот океан. Тоа го инспирирало да направи платформа каде што секој може да објави видео.

Денес, секоја минута на Јутјуб се поставуваат над 500 часа видео-содржина.

Од „Charlie Bit My Finger“ до „Gangnam Style“ (првиот што достигна милијарда прегледи) – Јутјуб докажа дека може да ги надмине културните и јазичните граници. Денес, најгледано видео е „Baby Shark Dance“ со над 15 милијарди прегледи.

Џастин Бибер стана ѕвезда благодарение на видеата кои неговата мајка ги објавуваше во 2007 година. Јутјуб покажа дека може да биде скок-табла за таленти од целиот свет.

Слично, краткиот филм „Nothing, Except Everything“ на Весли Ванг, тинејџер, стана вирален и доведе до соработка со славниот режисер Дарен Аронофски.

Австралиските близнаци од каналот „RackaRacka“ исто така успеаја преку Јутјуб, со нивниот хорор филм „Talk To Me“.

Јутјуб стана синоним за совети и туторијали – од „Како да го фотографирате месечината со iPhone“ до „Како да исчистите со Кока-кола“. Канали како „TED-Ed“, „Khan Academy“ и „CrashCourse“ го претворија во глобална училница.

Финеас О’Конел, братот на Били Ајлиш, признал дека многу научил од Јутјуб – и тоа му помогнало да го продуцира нејзиниот албум кој освои неколку Греми награди.

Контроверзии и критики

Сепак, Јутјуб не беше без проблеми. Платформата беше критикувана за лошо справување со авторски права, ширење на дезинформации и непристојна содржина.

Платформата воведе построги правила и алгоритми, но критичарите велат дека дезинформации сè уште се шират. Google одбива некои европски регулативи.

Првото видео „Me at the zoo“ е објавено токму на 23 април 2005. Џавед Карим стои пред слонови во зоолошката градина во Сан Диего – трае само 19 секунди.

Основачите на Јутјуб, за разлика од многу други технолошки гении, останаа подалеку од јавноста. Сепак, тие променија не само интернетот, туку и светот.

Како што вели еден коментар на Јутјуб:
„Лудо е да се помисли дека тројца момци го променија светот.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни