Првата транша од средствата за Македонија од Планот за раст на ЕУ ќе биде исплатена во април

Македонија ги ратификуваше двата неопходни договори и ја чека исплатата на првата транша од средствата од Европскиот план за раст, која требаше да биде достапна од почетокот на оваа година. Првите редовни плаќања се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, соопшти Европската комисија за Радио Слободна Европа (РСЕ).

На почетокот на април, Македонија би можела да ја добие првата исплата од Европскиот план за раст во износ од 52,5 милиони евра, дознава РСЕ од дипломатски извори.

Тоа значи дека Владата ќе располага со средства од европскиот пакет во државниот буџет за нешто повеќе од еден месец откако и Собранието ги усвои двата неопходни договори од Планот за раст, кои веќе се испратени до Европската комисија во Брисел и се чека на потпис.

Планот за раст, договорен од Европскиот парламент и Советот на Европската унија во мај 2024 година, а одобрен во октомври истата година, има вкупна вредност од шест милијарди евра и вклучува инвестиции и реформи во земјите од Западен Балкан, како дел од реформската агенда 2024-2027 година. година.

За Македонија се планирани вкупно 750 милиони евра, доколку Владата успешно ги спроведе домашните реформи што им ги вети на европските институции.

Европската комисија за РСЕ изјави дека во моментов има пет амбициозни реформски агенди од пет балкански земји, вклучително и една за Северна Македонија. Очекуваат што поскоро да се финализира исплатата, откако ќе завршат процедурите во Брисел.

„Комисијата сега ги финализира процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат бараните услови“, одговори Европската комисија за РСЕ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни