Неколку денови откако француските медими го критикуваа пристапот на Мароко за потпирањето на десалинизација за борба против сушите, шпански извештај сега изразува загриежност за планот на северноафриканската држава да ги зголеми и зачести дождовите со вештачко креирање облаци.
Според извештајот на шпанската агенција за времето, Ел Тиемпо, Мароко издовиле речиси 10 милиони евра од 2023 за да ја развијат својата програма за создавање вештачки облаци, целејчќи да генерира вештачки дожд за борба против сушата во земјата.
Целта е да се зголемат врнежите во одредени области за 15 отсто, со вкупно 20 проекти за „засејување“ облаци.
Сепак, извештајот наведува дека вештачката промена на временските циклуси може да има непредвидливи последици за целиот регион, особено за околните места како јужна Шпанија.
Зголемените врнежи во места кои не се навикнати на такви услови може да доведат до поплави и ерозија на земјата.
Дополнително, вештачкото засејување облаци може да ја поремети релативната влажност на атмосферата, потенцијално предизвикувајќи суши во нови, неочекувани локации или да предизвика поинтензивни врнежи и невремиња.
Извештајот предупредува дека геоинженерингот може и да ја зголеми фреквенцијата на екстремни временски услови како бури, грмежи, град и торнада.
Сепак и покрај овие грижи програмата за вештачко креирање облаци не е нова во Мароко. Оваа држава ги истражува методите за прилагодување на изворите на вода преку модификација на климата уште од 1980тите години. Програмата Ал-Гајт функционира од 1984 година, а во моментов го истражува потенцијалот за вештачко креирање облаци во повеќе делови од земјата.
Помеѓу 2021 и 2022 година, програмата спровела 27 вештачки засејувања, додека 22 биле изведени помеѓу 2022 и 2023 година.
Експертите предупредуваат дека оваа технологија може да ги зголеми врнежите за 4 отсто, потенцијално подобрувајќи ја продуктивноста на земјоделството за 20 отсто.
Програмата Ал-Гајт е призната од меѓународните организации и беше домаќин на Осмата меѓународна конференција за индустриски дождови во 2003 и ја доби наградата Хасан Втори за инудстриски дождови во Обединетите Арапски Емирати во 2007 година.
Посветеноста на Мароко за справување со недостигот на вода беше дополнително потенцирана од кралот Мохамед Шести во неговиот неодамнешен говор на комеморацијата на 25-годишнината од неговото крунисување.
Кралот во говорот ја нагласи итноста на кризата со водата, повикувајќи на иновативни решенија и подобрено управување со водата, за директно справување со предизвикот.
Тој ја истакна намалената достапност на вода во Мароко и ја истакна важноста на Националната програма за снабдување со вода за пиење и наводнување 2020-2027 година.
Кралот, исто така, повика на забрзана имплементација на големи проекти за пренос на вода помеѓу хидрауличните басени и изградба на постројки за десолинизација на морска вода, со цел да се обезбедат над 1,7 милијарди кубни метри годишно до 2030 година.
Мароко се бори со својата шеста последователна година на суша, забележувајќи дефицит на врнежи од 70% во јануари во споредба со просекот од последните 30 години.
Извор: Morocco World News