Трн ја почитува приватноста на корисниците на своите информативни сервиси и услуги, како и приватноста на посетителите на интернет страницата www.trn.mk.
Собирањето, чувањето, користењето и поништувањето на личните податоци се одвива во согласност со Законот за заштита на личните податоци (СВ. 7/05).
Сите лични податоци кои се добиени во електронска или друга форма, како и податоците кои лицето ги внело во обрасците и формуларите на интернет страницата www.trn.mk или страните на Трн на социјалните медиуми, се смета дека се добиени со согласност на тоа лице.
Трн не е одговорна за последиците, материјална, или друга штета која може да се јави кај лицето и кај друго физичко или правното лице, доколку лицето даде/внесе неточни или нецелосни податоци.
Личните податоци се добиени единствено и исклучиво заради непречено обезбедување и доставување на информативните сервиси и услуги на Трн на испитаникот/корисникот или на посетителот на интернет страницата www.trn.mk.
Трн ги чува личните податоци на испитаникот/корисникот само додека трае обврската поради која податоците се добиени. Кога ќе престане договорниот или друг вид на однос помеѓу Трн и лицето испитаник/корисник, сите лични податоци трајно се отстрануваат од Збирката лични податоци на Трн.
Трн се обврзува обработката на личните податоци да не ја поверува, ниту нив да ги отстапува на трети лица.
Личните податоци на корисниците на информативните сервиси и услуги на Трн и на посетителите на интернет страницата www.trn.mk, не се достапни за трети лица, освен во случаи кога тоа е поинаку пропишано со закон.