Примерок на првото издание на дневникот на Ана Франк продаден за над три илјади евра

Станува збор за книга првпат објавена во јуни 1947 година, која претставува едно од најважните сведочења за Втората светска војна.
S

Примерок на првото издание на „Тајниот дневник“ на Ана Франк беше продаден на аукција за 3.100 евра, пренесува NL Times. Станува збор за книга првпат објавена во јуни 1947 година, која претставува едно од најважните сведочења за Втората светска војна.

Аукцискиот примерок е првото издание во тврд повез од таа година и има оригинален омот. „Книгата има некои оштетувања на кориците и стари дамки на страниците“, се вели на веб-страницата на аукциската куќа.


Книгата ја набавил сегашниот сопственик преку „пријател на еврејско потекло кој се криeл во Алкмар за време на војната“. Првиот тираж на „Тајниот дневник“ бил отпечатен во 3.036 примероци, по што бил објавен на повеќе јазици и продаден во десетици милиони примероци низ целиот свет.

Ана Франк го пишувала дневникот помеѓу 14 јуни 1942 и 1 август 1944, додека се криела со своето семејство во скриениот поткровје на Принцев канал во Амстердам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни