Правнукот на Мусолини сезонава ќе игра во Сериа А

Флоријани Мусолини е роден во 2003 година како трето дете на Мауро Флоријани и политичарката Алесандра Мусолини
ROME, ITALY - APRIL 24: Romano Floriani Mussolini of SS Lazio in action during the Coppa Italia Primavera match between AS Roma U19 and SS Lazio U19 at on April 24, 2021 in Rome, Italy. (Photo by Marco Rosi - SS Lazio/Getty Images)

Дефанзивниот фудбалер Романо Флориани Мусолини во новата сезона 2025/2026 ќе настапува за Лацио во Серија А.

Овој талентиран 22-годишен фудбалер ги помина претходните две години на позајмица во клубови од Серија Б. Првпат играше за Пескара во сезоната 2023/24, а минатата сезона се истакна во Јуве Стабија.

По завршувањето на сезоната, второлигашот од Кастеламаре ди Стабија ја активираше опцијата за купување, но Лацио веднаш го искористи правото на предност и реши да го врати Мусолини во своите редови.

Младиот дефанзивец одигра 37 натпревари за Јуве Стаби минатата сезона, постигна еден гол и имаше четири асистенции.

Флоријани Мусолини е роден во 2003 година како трето дете на Мауро Флоријани и политичарката Алесандра Мусолини, внука на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини. Неговиот дедо, Романо Мусолини, бил познат италијански пијанист, негова пратетка е познатата актерка Софија Лорен, но секогаш ќе го следи фактот дека е правнук на Бенито Мусолини.

Италијанските медиуми го нарекоа Мусолини помладиот. Неговото целосно име е Романо Бенито Флоријани Мусолини. Тој има двојно презиме. Ова е направено како исклучок од италијанските обичаи за именување, а италијанските граѓански власти се согласија со тоа при неговото регистрирање, бидејќи двојните презимиња обично не биле дозволени според италијанскиот закон во времето на неговото раѓање.

Лацио и профашизмот

Лацио е еден до двата големи клубови од италијанскиот главен град Рим. Иако за Рома важи правилото дека е градски, народен клуб, за Лацио се врзуваат доста профашистички групи.

Фановите на Лацио важат за една од најпознатите навивачки групи во Италија и Европа, а на трибината има и подгрупи кои ја промовираат фашистичката идеологија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни