„Правда за Фросина!“ – Семејството бара одговорност од возачот, неговиот татко и судијката

Сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која пред пет дена го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на Партизанска во Скопје од 20-годишниот Васил Јованов, денес од родниот град упати силен апел за правда.

Таа јавно побара не само Васил да биде изведен пред лицето на правдата, туку и неговиот татко Зоран, како и судијката Даниела Алексовска Стојановска, која претходно го ослободила од кривично дело.

„Ниту еден од нив не излезе јавно да изрази сочувство, туку кукавички ги бришат своите профили на социјалните мрежи. Правда за Фросина мора да има, за никому ова да не му се повтори!“, порача таа.

Семејството потенцира дека јавните функции мора да се извршуваат праведно и дека неказнивоста не смее да стане правило. Тие истакнаа дека моралните вредности почнуваат од домот и прашаа: „Како да очекуваме чесно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат ниту во својот дом?“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни