Една година по смртта на главниот противник на Кремљ, Алексеј Навални, повеќе од 1.000 негови поддржувачи се собраа денеска на неговиот гроб во Москва, иако постои ризик од правни постапки и гонења, додека други комеморации се одржаа надвор од Русија.
И покрај тоа, најмалку 1.500 луѓе го посетиле гробот и положиле цвеќе, јави агенцијата Франс Прес и додаде дека во текот на денот имало долг ред пред гробиштата.
Во краткиот говор на гробиштата, мајката на Алексеј Навални, Лудмила, рече дека сака оние кои се одговорни за „убиството“ на нејзиниот син да бидат „казнети“.
„Целиот свет знае кој го наредил тоа. Ние сакаме да се откријат оние кои тоа го овозможиле, оние кои го направиле тоа“, рече Лудмила Навална.
Руското правосудство го прогласи Навални за „екстремист“.
Јавно спомнување на неговото име или неговата организација, Фондот за борба против корупција, изложува граѓаните на тешки санкции.
Тајната закана останува на сила и покрај неговата смрт во нејасни околности во арктичкиот затвор на 16. февруари 2024. и покрај егзилот надвор од Русија на речиси