Последно издание и промоција  на музичкиот проект „ЗОО Азбука“

Уште една прекрасна средба ќе ви овозможиме со животните   од нашата Зоолошка градина. Низ нашите нови песнички овој пат ве запознаваме со животни, безрбетници и птици  кои живеат кај нас, за кои  преку певливите рефрени  ќе се едуцираме и ќе дознаеме  нешто повеќе за нив.

ЗОО АЗБУКА е музичко едукативен проект каде преку музиката освен што ќе ги запознаете животните и нивните живеалишта, ќе се едуцирате и за културата на однесување во Зоолошката градина, како и начинот на исхрана  на истите.

„Искрено веруваме дека сите заедно низ песна, ќе придонесеме  да ја подигнеме свеста кај сите посетители на Зоолошката градина! Со самото автентично презентирање на новите песни во Зоолошката градина, искрено се надеваме дека повторно ќе предизвикавме радост кај најмладата публика“, изјавуваат од Пионерски дом „Карпош“.

Промоцијата ќе биде во Зоолошка градина во петок 20.09.2024 со почеток во 12.00 часот!

Главен покровител на музичко едукативниот проект е Град Скопје.

Најново

Последни колумни