Овој остров, најисточен во архипелагот Големи Антили, често се соочува со вакви проблеми – последен пат на самиот крај од 2024 година, кога новогодишната ноќ ја дочека во целосен мрак поради колапс на електроинфраструктурата.
Од Genera преку објава на платформата X (поранешен Twitter) соопштија дека работат на активирање на резервни капацитети и воедно спроведуваат истрага за причините за прекинот.
Компанијата LUMA Energy, задолжена за дистрибуција на електрична енергија, информираше дека прекинот се случил околу 12:40 часот по локално време (19:40 по средноевропско време), и дека речиси два часа подоцна струја сè уште не била вратена.
Гувернерката на Порторико, Џенифер Гонзалес, изјави дека ќе бидат објавени дополнителни информации веднаш штом се утврдат причините за прекинот и временската рамка за стабилизација на системот.