„Погодете кој е роден на 7 јануари 2025? Тој веќе е паметен, здрав, полн со љубов и поезија. Најдоброто момче досега“, напиша 58-годишниот актер покрај објавата.
Касел и Нара неодамна ја прославија својата прва годишнина. Нивната љубовна приказна започна на Инстаграм, по што почнаа да поминуваат време заедно во Рио де Жанеиро. Актерот на почетокот на 2023 година се разведе од сопругата, 27-годишната манекенка Тина Кунаки, со која ја има петгодишната ќерка Амазони.
Од првиот брак со актерката Моника Белучи, Касел има две ќерки – 20-годишната Дева и 14-годишната Леони.
Нара Баптиста е родена во Бразил, а на 18-годишна возраст се преселила во Квинсленд, Австралија. Во 2020 година, таа беше финалистка на австралискиот натпревар за Мис Универзум, по што потпиша договор со модна агенција во Бризбејн. Подоцна се вратила во Бразил, каде што продолжила да гради манекенска кариера.