Погледнете во небото и замислете желба: Ни пристигнува еден од најубавите метеорски дождови

Еден од најпознатите и највпечатливи метеорски ројеви на северната хемисфера – Персеидите – повторно ќе го украси ноќното небо. Но, оваа година за набљудување ќе биде потребно малку повеќе планирање.

Активноста на Персеидите започна од 17 јули, и ќе трае до сабота, 23 август, со најголема интензивност во ноќите меѓу 12 и 13 август.

Како и секогаш, најдобро е метеорскиот дожд да се гледа далеку од светлосното загадување. Сепак, годинава полната месечина на 9 август ќе го осветлува небото токму во периодот кога Персеидите го достигнуваат својот врв. Месечината ќе биде осветлена дури 84% и со својот сјај ќе „засени“ голем дел од метеорите.

Најдобар период за набљудување ќе биде пред и по врвот на активноста, кога светлината од Месечината е послаба. Во периодот од 18 до 28 јули, месечината беше речиси незабележлива – четврт месечина излезе околу полноќ на 18 јули, а младата месечина беше на 24 јули. До 28 јули се појавуваше само тенок месечев срп што брзо исчезнува.

По врвот, светлината на месечината повторно ќе почне да слабее – од 16 август, кога започнува последната четвртина. Иако бројот на метеори тогаш ќе биде помал, сепак постои шанса да се забележат светлечки траги ако небото е ведро.

Што се Персеидите и како настануваат?

Персеидите се познати по своите брзи и светли метеорски траги, движејќи се со брзина од околу 60 километри во секунда. Настануваат кога ситни честички од опашката на кометата 109P/Свифт-Татл влегуваат во Земјината атмосфера и сгорат, оставајќи зад себе восхитувачки светлечки траги.

Иако условите оваа година не се совршени, ако бидете трпеливи и го изберете вистинскиот момент, ќе можете да уживате во еден од најубавите небесни спектакли во годината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни