Џеси Колин Јанг, фронтмен и основач на бендот „The Youngbloods“, почина во недела во својот дом на 84-годишна возраст.
Во песната која го прослави бендот и која достигна петто место на топ листата во 1969 година, Џеси Колин Јанг пее за тоа дека сите треба да се соберат, да се насмеат еден на друг и да се сакаат меѓусебно. Роден во Квинс, Њујорк, Џеси Колин Јанг знаел да свири на неколку инструменти и веќе во 60-те години редовно настапувал и објавил два соло албума.
Тогаш се здружил со Џери Корбит, Лоуел „Банана“ Левингер и Џум Баур и го основал бендот „The Youngbloods“.
Бендот сними вкупно пет албума, но хитот „Get Together“ беше дел од нивниот дебитантски албум. Песната веќе постоела во претходни верзии, а имала и верзии по оваа, но оваа е најуспешна.
Таа се најде на саундтракот за филмот „Forest Gump“, а Лиса Симпсон ја свирела во „Симпсонови“. Гарт Брукс ја вклучил во својот албум од 1999 година, кој го објавил под псевдонимот Крис Гејнс.
Јанг напиша песни како „Darkness Darkness“ и „Sunlight“ пред да се распадне „The Youngbloods“ во 1972 година, а потоа објави неколку соло албума.
Со својата сопруга основал независна издавачка куќа, а последниот албум под наслов „Dreamers“ го објавил во 2019 година.