Почина внуката на Јосип Броз Тито, Светлана Броз

Внуката на Јосип Броз, е и почесен граѓанин на Тузла и носител на Националниот орден за заслуги на Франција.

Светлана Броз, кардиолог, активист за човекови права и внука на Јосип Броз Тито, денеска на 70-годишна возраст, почина во Белград. Таа е автор на книгата „Добри луѓе во време на зло“, која е преведена на шест светски јазици, како и на книгите „Јас имам храброст“, „Праведниците од Руанда меѓу заборавот и помирувањето“, „Галаксијата Гоџер“ и „Мојата“.

Светлана Броз е и коавтор на многу мировни студии ширум светот, основач и директор на невладината организација „Гариво“ Сараево, каде што беше меѓу првите во Европа што создаде и водеше образование за граѓанска храброст преку јавни предавања, училишта за граѓанска храброст и издавачки активности.


Таа ја востанови наградата „Душко Кондор“ за граѓанска храброст и нејзина афирмација, а за лауреатите има снимено повеќе од 40 документарни филмови. Била предавач на 52 американски и 80 европски универзитети. Внуката на Јосип Броз, е и почесен граѓанин на Тузла и носител на Националниот орден за заслуги на Франција.

Погребот ќе се изврши во среда на 26 март во 14 часот и 15 минути на Новите гробишта во Белград.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни