Доли Партон на социјалните мрежи објави дека нејзиниот сопруг Карл, за кого се омажи кога имала само 20 години, починал, оставајќи голема празнина во нејзиниот живот.
„Карл и јас поминавме многу прекрасни години заедно. Зборовите не можат да ја опишат љубовта што ја делевме повеќе од 60 години. Ви благодарам за молитвите и сочувството“, напиша таа, пренесуваат странските медиуми.
Карл и Доли важеле за еден од најскладните парови во јавниот живот, кои никогаш не биле во центарот на скандали, туку напротив, биле симбол на мирен и семеен живот.
Инаку, песната „Jolene“, еден од најголемите хитови на Доли Партон, е инспирирана токму од нејзиниот сопруг, кому му се додворувала друга жена.
„Страшно се заљуби во мојот сопруг. А тој обожаваше да оди во банката затоа што таа му посветуваше толку многу внимание. Тоа беше некоја наша интерна шега… Песната всушност е наивна, но звучи како да е драматична“, открила Партон во едно интервју.
Доли го запознала Карл кога имала 18 години, а се венчале кога таа имала 20. Парот немал деца, а Карл не сакал внимание од јавноста, па ретко се појавувал пред камерите.
„Многу луѓе мислат дека Карл Дин не постои, дека само го измислив за да ги држам другите луѓе подалеку од мене“, се пошегувала Доли Партон во интервју за AP во 1984 година.