Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на Гранд продукција почина денес, соопштија од „Гранд продукција“:
„Со неизмерна тага ја известуваме јавноста дека денес, по кратка и тешка болест, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Преку децении на работа бил визионер и посветен професионалец.“
“Преку музиката и телевизијата открил и поддржал бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера. Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат вечно преку песните, уметниците, емисиите и сè што создаде. Неговото наследство е неизмерно и го обележа времето во кое живеел“, се вели во соопштението од Гранд продукција.
Саша Поповиќ сопруг и татко. Во брак е со Сузана и има две деца, Александра и Даниел, се додава во соопштението.
„Неговата харизма, неуморната работа и страста кон музиката и телевизијата оставија неизбришлив траг. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку сите оние кои имале привилегија да работат со него и преку сите чии животи ги допрел. Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат накнадно соопштени“, стои на веб-страницата на Гранд продукција.