Српскиот филмски продуцент, актер, организатор и универзитетски професор Драгољуб Војнов почина вчера, пренесе Танјуг.
Војнов беше продуцент на филмовите „Лаф во срцето“, „Сок од сливи“, „Тесна кожа“, „Уна“, „Црна Марија“, „Мали Будо“ и други.
Како актер се појави во филмовите „Вишна на Ташмајдан“, „Бубашвилер“, „Лаф во срцето“, „Тесна кожа“, „Како бев систематски уништен од идиоти“ и други.
Предаваше продукција на БК Академија.