Познатиот хрватски џез-пијанист Матија Дедиќ почина вчера во Загреб на 53-годишна возраст, објави Јутарњи лист.
Дедиќ беше еден од најзначајните џез-музичари во Хрватска, потекнувајќи од музичко семејство – син на Арсен Дедиќ и Габи Новак. Во 1997 година дипломирал џез на Уметничката академија во Грац.
Од 1994 година член на Boilers Quartet, а кон крајот на 90-тите ја формирал својата група Matija Dedić Trio. Соработувал со многу познати џез-уметници и хрватски музичари од други жанрови. Настапувал во Европа, Бразил и САД, а во 2002 бил финалист на Монтрек џез фестивал.
Објавил повеќе албуми, а добитник е на повеќе награди, вклучувајќи ги и Status и Porin за најдобри џез-албуми и композиции.
Неговиот татко, легендарниот Арсен Дедиќ, почина во 2015 година.