Почина оскаровецот Роберт Бентон, режисерот на „Крамер против Крамер“

Бентон ќе остане запаметен како режисер на филмот „Крамер против Крамер“ (1979), кој стана симбол на интимниот пристап кон темата за развод и родителство

Американскиот режисер и сценарист Роберт Бентон, добитник на три Оскари, почина на 93-годишна возраст, јави агенцијата AFP, повикувајќи се на изјава од неговата адвокатка Хилари Бибикоф.

Бентон ќе остане запаметен како режисер на филмот „Крамер против Крамер“ (1979), кој стана симбол на интимниот пристап кон темата за развод и родителство. Филмот освои дури пет Оскари, вклучувајќи за најдобар филм, режисура и адаптиран сценарио, како и за најдобар актер (Дастин Хофман) и најдобра споредна актерка (Мерил Стрип).

Роден во Тексас, Бентон прво се проби во Холивуд како коавтор на сценариото за култниот филм „Бони и Клајд“ (1967), кој ја редефинираше американската кинематографија на крајот од 60-тите.

Покрај „Крамер против Крамер“, неговата богата кариера вклучува и признати филмови како „Places in the Heart“, за кој повторно освои Оскар за сценарио, потоа „The Late Show“ и „Nobody’s Fool“.

По смртта на неговата сопруга Сали во 2023 година, зад себе го остави својот син.
Филмскиот свет денес се простува од еден од највлијателните и најемотивно ангажирани автори на американската кинематографија од втората половина на 20 век.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најчитано

Последни колумни