Родена на 8 јуни 1908 година, Лукас уште од 16 години го започнала својот духовен пат, а на 26 се замонашила. Работела како учителка и секретарка, а во 2018 година, на речиси 110-годишна возраст, добила апостолски благослов од папата Франциск.
По нејзината смрт, титулата за најстара жива личност ја презеде Англичанката Етел Катерам, која во моментов има 115 години и 252 дена, според податоците на Групата за геронтолошки истражувања (GRG).