Почина најстарата личност на светот – Бразилката Ина Канабаро Лукас на 117 години

Ина Канабаро Лукас, која важеше за најстарата личност на светот, почина на 116 години и 326 дена во манастирот на Терезијанските сестри во Порто Алегре, Бразил, каде што ги помина последните години од животот.

Родена на 8 јуни 1908 година, Лукас уште од 16 години го започнала својот духовен пат, а на 26 се замонашила. Работела како учителка и секретарка, а во 2018 година, на речиси 110-годишна возраст, добила апостолски благослов од папата Франциск.

По нејзината смрт, титулата за најстара жива личност ја презеде Англичанката Етел Катерам, која во моментов има 115 години и 252 дена, според податоците на Групата за геронтолошки истражувања (GRG).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни