Веста за неговата смрт беше објавена на официјалната веб-страница на Bad Company во понеделник, пренесува Danas.
Ралфс доживеал мозочен удар неколку дена по својот последен настап со бендот во лондонската О2 Арена во 2016 година, по што останал прикован за кревет. Не се објавени дополнителни детали за околностите на неговата смрт.
Во ноември годинава, Ралфс требаше да биде примен во Куќата на славните на рокенролот како член на Bad Company.
„Нашиот Мик почина, срцето ми се скрши,“ изјави Пол Роџерс, фронтменот на Bad Company.
„Нѐ остави со неверојатни песни и спомени. Ми беше пријател, партнер во пишувањето, фантастичен и разновиден гитарист со одлично чувство за хумор.“