„Со скршени срца ве известуваме дека нашиот сакан татко Брајан Вилсон почина. Останавме без зборови.“
Вилсон е роден во Инглвуд, Калифорнија, а заедно со своите браќа Денис и Карл и нивниот братучед Ал Џардин го формираа бендот „The Pendletons“. Првата песна „Surfin’“ ја издадоа во 1962 година преку издавачката куќа „Candix Records“, која – без знаење на членовите – го смени името на бендот во „The Beach Boys“.
Само една година подоцна, потпишаа договор со издавачката куќа „Capitol Records“ и го објавија својот деби албум „Surfin’ Safari“. Синглот „Surfin’ U.S.A.“ стана нивниот прв голем хит кој влезе во Топ 10 листите во САД. Во 1963 година, бендот објави дури три албуми: „Surfin’ U.S.A.“, „Surfer Girl“ и „Little Deuce Coupe“.
Покрај авторскиот и изведувачкиот успех, Вилсон подоцна започна и продуцентска кариера, оставајќи длабока трага во историјата на поп-музиката.
Со неговото заминување, светот губи музичка икона, визионер и човек кој создаде дел од најпрепознатливите звуци на 20. век.