Тој починал на 29 март 2025 година на Хаваи, од компликации по мозочен удар.
Неговиот долгогодишен партнер, Мартин Рабет, сподели:
“Нашиот сакан Ричард сега е со ангелите. Тој е слободен и лета кон оние што ги сакаше пред нас. Толку сме благословени што го познававме – неверојатна и сакана душа. Љубовта никогаш не умира, а нашата љубов ќе го води во неговата следна голема авантура.”
Како филмска, театарска и телевизиска ѕвезда, Чемберлејн беше познат и како „кралот на мини-сериите“, благодарение на неговите улоги во некои од најпознатите телевизиски продукции на 1980-тите.
Некои од неговите најзначајни улоги беа во сериите „Шогун“ (1980), „Птиците умираат пеејќи“ (1983), „Валенберг“ (1985) и во оригиналниот филм „Борновиот идентитет“ (1988).
Со „Шогун“ освои Златен глобус за најдобар актер и доби номинација за Еми, додека меѓународна слава стекна со „Птиците умираат пеејќи“, освојувајќи уште еден Златен глобус во 1984 година.