„Со неверување ја примив веста дека вечерва нè напушти мојот пријател Јошка Броз. Со него заминува едно време, а доаѓа обврска за новите генерации да ја зачуваат спомената и сеќавањето на него“, напиша Дачиќ на социјалните мрежи, изразувајќи сочувство до семејството и до сите „следбеници на времето и политиката на Тито“.
Јошка Броз беше претседател на Комунистичката партија, поранешен народен пратеник во Собранието на Србија и член на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија. Во 2005 година го основа здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“, со цел да се зачува идејата на југословенскиот социјализам.
Во јавноста често зборуваше дека од славното презиме не му останало ништо. Во 2016 година изјави дека „живее како куче“, жалејќи се на скромните услови за живот, и покрај познатото име што го носи.