Победа на проевропскиот кандидат Никушор Дан на претседателските избори во Романија

Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, победи во вториот круг од претседателските избори во Романија, според речиси конечните резултати.

По пребројани над 90 отсто од гласовите, центристичкиот кандидат освоил речиси 54 отсто од поддршката на гласачите.

Неговиот противкандидат, лидерот на екстремно десничарската партија AUR, Џорџе Симион, добил околу 46 отсто од гласовите.

И покрај поразот, Симион се прогласи за победник, тврдејќи дека изборите биле „изманипулирани“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни