Плата од соништата? Оваа европска земја има највисока просечна плата во светот

Според анализа на компанијата Ringover, која опфати 40 држави со најголем бруто домашен производ во светот, Швајцарија се издвојува како земја со највисока просечна годишна плата – дури 131.461 американски долар, односно над 115.000 евра. Тоа е за 100,1% повеќе од глобалниот просек.

Истражувањето се фокусира на 30 најбарани професии во здравство, образование, финансии, ИТ и бизнис, а Швајцарија е прва во речиси сите категории, освен кај лекарите, продажните претставници и физиотерапевтите.

Овој висок стандард на плати се должи на комбинација од неколку фактори: политичка стабилност, силна економија, висок квалитет на образованието и многу ниска стапка на невработеност.

Но, животот во Швајцарија има и висока цена. Една возрасна личност таму месечно троши меѓу 3.200 и 5.350 евра – вклучувајќи кирија, режиски трошоци, храна и превоз. Со други зборови, платите се високи, но се и животните трошоци.

По Швајцарија, на листата на земји со највисоки просечни плати следат: Луксембург, САД, Данска, Исланд, Австралија, Белгија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Германија.

Темата за платите станува сè поактуелна – особено меѓу граѓаните од регионот кои во потрага по подобар живот и услови за работа сè почесто ја разгледуваат можноста за иселување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни