Од 11-ти до 17-ти ноември, Федерацијата за планинарење и планински туризам на Албанија успешно организираше основна обука за кандидати за планинарски водичи. Оваа иницијатива имаше за цел да ги унапреди знаењето и вештините на учесниците, со фокус на промоција на планинарството на Балканот и безбедноста во природата.
Федерацијата за планинарство на Северна Македонија активно учествуваше во обуката, со присуство на свои членови, што дополнително ја зајакна соработката помеѓу двете федерации.„Чест ни е што можеме да соработуваме со нашите албански колеги и да придонесеме за развој на планинарските активности во регионот!“, изјави претставник од ФПСМ.
Обуката е дел од пошироките напори за унапредување на планинарството и природната средина во регионот. Целта е да се создадат квалификувани водичи кои ќе можат да ги водат посетителите низ убавините на албанските планини. Соработката со федерациите од регионот продолжува, а идните активности ќе бидат насочени кон зголемување на свеста за важноста на природата и безбедноста при планинарење.