Планетата Земја се разделува од астероидот кој во последните два месеца бил означен како “мини месечина”. Безопасната вселенска карпа ќе се “изгуби” утре, совладана од посилното влијание на гравитацијата на Сонцето, но ќе се приближи повторно во јануари наредната година, пренесува AP.
НАСА тогаш ќе користи радарна антена за да го набљудува астероидот, кој е долг 10 метри.
Тоа би требало да го подобри разбирањето на научниците за објектот познат како 2024 PT5, многу веројатно карпа која ја донел ударен астероид од Месечината.
Иако технички не е месечина, НАСА нагласува дека Земјината гравитација никогаш не го фатила и дека бил целосно во орбита.
Тоа е „интересен објект“ вреден за истражување.
Браќата астрофизичари Раул и Карлос де ла Фуенте Маркос од Универзитетот Комплутенсе во Мадрид го идентификувале „поведението на мини месечината“.
Во моментов, оддалечен повеќе од 3,5 милиони километри, објектот е премал и слаб за да може да се види без моќен телескоп.
Во јануари ќе помине на само 1,8 милиони километри од Земјата, одржувајќи безбедна дистанца пред да „замине“ понатаму во Сончевиот систем додека орбитира околу Сонцето, за да се врати повторно во 2055. година.
Тековните податоци сугерираат дека за време на своето посетување во 2055. година, астероидот кој орбитира околу Сонцето ќе направи привремен и делумен круг околу Земјата.