Модераторки: Ана Василева и Румена Бужаровска
Инспирацијата за „Располови ме“ (анг. Unsex me) потекнува од познатиот монолог на Леди Магбет во кој ги моли злите духови да ја располоват (машкосаат во препевот на проф. Михајловски), т.е. да ѝ ги одземат особините кои традиционално се поврзуваат со нејзиниот пол (нежност, милост, грижа) за непречено да го оствари злосторството што го посакува и да ја засити својата жед за врвна моќ.
Сепак, како и секогаш, растргнатоста меѓу посакуваното и очекуваното е само почетната нишка и начин на толкување на „Располови ме“. Насловот може да се гледа и како индикација за поделеноста на жената меѓу професионалните и личните цели и (не)можноста тие паралелно да се остварат.
Покрај тоа, сакавме да ја разгледаме и позицијата на жените во театарската и филмската уметност – особено по неколкуте скандали поврзани со третманот на актерките кои го потресоа регионот. Токму поради тоа го избравме Драмскиот театар како место на одржување на овој ПичПрич, а нашите гостинки се меѓу најкомпетентните и прогресивни театарски дејки во земјката и регионот, велат организаторите на овој настан.