Performance Platform Festival (PPF) 2025  во МКЦ

PPF 2025 го отвора јуниското издание преку плуриверзален (Ескобар, 2018) кураторски пристап, односно прикажува и промислува различни светови, перспективи, пристапи, преку призмата на екофеминистички и екополитичките колективни и здружени пристапи и вложувања

Performance Platform Festival (PPF) 2025 ќе се организира во две изданија: едното во јуни, другото во октомври. Во духот на феминистичка кураторска перспектива, и оваа година фестивалот се организира во соработка со други фестивали, организации и индивидуи, и на локално и на меѓународно ниво — со цел да споделиме ресурси и да ги здружиме нашите сили.

PPF 2025 го отвора јуниското издание преку плуриверзален (Ескобар, 2018) кураторски пристап, односно прикажува и промислува различни светови, перспективи, пристапи, преку призмата на екофеминистички и екополитичките колективни и здружени пристапи и вложувања. На таков начин ја гради и дизајнира сцената и поширокиот простор како плуриверзален, составен од мноштво поетики и практики.

ППф 2025 јуни ќе понуди

Не)конференција: „(Еко)Феминизам во практиката/ите: Преосмислување на уметноста и кураторските иднини“, ( 9–11 јуни 2025, 11:00–17:30 @МКЦ)

Прво издание на Македонска кореографска платформа (МКП) и разговори со уметниците, (9 и 10 јуни 2025, 20:00 @МКЦ)

BLOT – перформанс на Tangaj Collective, (11 јуни 2025, 20:00 @МКЦ)

Култренинг работилница со Tangaj Collective, 12 јуни 2025, (17:00 @МКЦ)

(не)конференцијата ќе се обиде да сподели како кураторските иднини може да се спротивстават на екстрактивистичките модели на капиталоцената (Haraway) и да понудат „одржување“ (sustainment) (Fry) како алтернатива на неолибералната „одржливост“ (sustainability). Преку споделување на практики, прошетки-дискусии и критичка и феминистичка педагогија, уметниците и кураторите ќе се обидат да ко-креираат знаење кое ќе го пренесеме во фанзин.  

МКП се појавува како за засилување на гласот на македонските кореографи во домашниот но и во поширокиот транснационален контекст, се јавува како нова иницијатива на 10 кореографи и танцови професионалци кои преку сплотеност и солидаризирање се организираат во своето претставување.

Додека, BLOT — хибриден еко-перформанс за микробиолошка меѓузависност — ќе понуди кореографски преглед како контрапункт на антропоцентричните кореографии, резонирајќи со повикот на Ана Цинг за „уметности на забележување“.

Ова издание повикува на плуриверзирање како кураторска пракса, односно  перформативно создавање на светови —— повикувајќи ја јавноста, институциите и екологиите на колективна реимагинација на уметноста како простор на трансформација, грижа и заеднички иднини.

#PerformancePlatformFestival (Lokomotiva, Skopje), Skopje Pride Weekend и Прво Па Женско (Tiiiit! Inc.) го посветуваат јуни на современата и критичка перформанс уметност во танцот, театарот и визуелната уметност, како гест на грижа, релациска, политички ангажирана уметничка практика и акт на демократизирана јавна имагинација. Твориме простор за соработка, заедништво и размена, барајќи од институциите да го препознаат и континуирано да го поддржуваат.

Соработници, пријатели, другари и партнери на фестивалот во јунската програма: Skopje Pride Weekend, Прво Па Женско (Tiiiit! Inc.) и МКЦ Скопје.

Поддржувачи: Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, Фондација Хајнрих Бел, Гете-институт Скопје, Performance Situation Room / проект LLB 3 финансиран од програмата Креативна Европа; и Perform Europe.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни