По освојувањето на Гран При за најдобар документарен филм на фестивалот Олимпија во Грција, како и учеството на престижниот фестивал за документарни филмови Fipadoc во Франција, документарецот „Патување пеш“ на двојно номинираната за Оскар, Тамара Котевска, од вчера ќе може да се погледне во киното Синеплекс.
Овa е филм за Амал, кукла висока 3 метри која претставувајќи бегалка, патува преку сириската граница во Турција, а потоа и низ Европа, во обид да го најде својот дом. Мешавината од синема-верите и фантастични, делумно скриптирани сцени создаваат извонредна бајка за возрасни, но истовремено и емотивен портрет на животот на бегалците.
Главен продуцент на „Патување пеш“ е Grain Media од Англија, а како македонски копродуцент се потпишува ОХО Продукција. Филмот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија.