Патрик Шварценегер: Не сум добил улога поради татко ми, туку поради 10 години труд и еден куп неуспешни аудиции

Патрик Шварценегер е едно од најзабележаните имиња во третата сезона на популарната серија The White Lotus, каде што го игра ликот на Сакстон Ратлиф – привилегиран син на корпоративен криминалец.

Но, товарот на презимето и фактот дека е син на Арнолд Шварценегер му создаваат одредени предизвици.

„Знам дека има луѓе кои велат дека ја добив оваа улога само поради тоа кој ми е татко. Тие не гледаат дека зад мене има 10 години часови по глума, училишни претстави секоја недела, постојана работа на моите ликови и стотици одбиени аудиции на кои сум бил. Секако дека ме фрустрира кога ме ставаат во тој калап, и во тие моменти посакувам да немав такво презиме. Но тоа трае кратко“, изјави Патрик за The Sunday Times.

Сепак, додава дека никогаш не би го менувал својот живот.

„Многу сум среќен што ја имам токму оваа фамилија, овие родители и вредностите што ми ги пренесоа“, вели младиот актер.

Во интервју за People, Патрик открива дека постојано оди на часови по глума за да се усоврши, а љубовта кон актерството ја развил следејќи го својот татко на снимањата.

„Кога одев со татко ми на сет, тука за првпат се роди мојата љубов кон глумата. Често знаеше да ме земе порано од училиште и да ме однесе во Universal Studios. Гледав како влегува како татко, а излегува како Г-дин Леден. Јас седев таму цел ден, фасциниран од целиот процес на снимање.“

Арнолд Шварценегер беше присутен на премиерата на третата сезона на The White Lotus, каде што позираше со својот син на црвениот тепих. Подоцна, на својот Инстаграм, објави своја реакција.

„Многу ми се допаѓа новата сезона. Можев да се преправам дека сум изненаден што мојот син има гола сцена, но… крушата под круша паѓа.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни