Папата Лав XIV ја обновува традицијата – нема да живее каде што живееше папата Франциско

Според изјави на неколку ватикански функционери, новоизбраниот папа Лав XIV ќе се пресели во Апостолската палата во Ватикан, за разлика од својот претходник, покојниот папа Франциско, кој живееше во Домот Света Марта.

Апостолската палата, барокна зграда од 16 век со поглед кон Плоштадот Свети Петар, ги содржи традиционалните папски апартмани – околу 10 простории, меѓу кои спална соба, приватна библиотека и работна соба, трпезарија, кујна и капела.

Во моментов се изведуваат реновирачки работи, а според висок ватикански извор, папата Лав XIV наскоро ќе се всели. Друг функционер додал дека безбедноста на новиот папа полесно ќе се гарантира во палатата, отколку во хотелскиот објект каде што престојуваше Франциско.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, не сакаше да коментира за конкретната локација на живеење на новиот папа. Лав XIV, поранешниот американски кардинал Роберт Превост, беше избран за поглавар на Римокатоличката црква на 8 мај по кратка конклава.

Во моментов, тој живее во стан во близина на Свети Петар, во објектот каде што се наоѓа ватиканскиот доктринарен уред. Папата Франциско почина на 21 април, по 12 години понтификат, како прв папа од 1870 година кој не живеел во Апостолската палата.

Иако Франциско не живееше таму, палатата ја користеше за официјални средби и неделни молитви од прозорецот. Последен жител на палатата беше папата Бенедикт XVI, кој се исели во февруари 2013 по неговата оставка.

Според италијанските медиуми, реновирањето ќе вклучи модернизација на бањите и решавање на проблеми со влага во ѕидовите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни