Папата Франциск го прогласи Гауди за преподобен

Папата Франциск денеска го прогласи познатиот каталонски архитект и автор на култната базилика „Саграда Фамилија“ во Барселона, Антони Гауди, за „чесен“ (преподобен), признавајќи ги неговите „херојски доблести“ – што е првиот чекор кон негово прогласување за светец во Римокатоличката црква, јавува агенцијата Анса.

Гауди, кој починал во 1926 година на 74-годишна возраст откако го удрил трамвај, започнал да ја проектира „Саграда Фамилија“ во 1883 година. По Првата светска војна, тој целосно ѝ се посветил на изградбата на базиликата и ги поминал последните години од животот во длабока католичка преданост.

Процесот за негово прогласување за светец беше инициран од Архиепископијата во Барселона во 1998 година, а барањето беше испратено до Ватикан во 2003 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни