Општина Кочани одржа прес-конференција на која беа претставени главните настани што ќе се случуваат за време на викендот. Ивана Карова Коцева од организацискиот одбор истакна дека в петок изборот на жетварската убавица ќе се одржи на платото во Градскиот парк со почеток во 20 часот. Годинава, на манифестацијата ќе гостуваат претставници од Црна Гора, Бугарија, Србија, Словенија, Унгарија, Босна и Херцеговина, како и од други градови од Македонија.
Во сабота претпладне ќе биде отворена изложбата на дела од ликовната колонија „Св. Пантелејмон“, по што ќе следи празнично дефиле на здруженија, фолклорни ансамбли и институции, со настапи на летната сцена во Паркот.
За различните генерации ќе има музички и забавни програми, а низ Кочани ќе бидат поставени штандови со производи од локални фирми и здруженија.