Отворена изложба на дела од Леетив Намдаг Жанчиви, почесен конзул на Монголија во Македонија

Намдаг Жанчиви учествувал на повеќе ликовни колонии, познат бил како донатор на своите уметнички дела во добротворни цели, а живее и работи во Скопје.

Изложба на дела од Леетив Намдаг Жанчиви, почесен конзул на Монголија во Македонија, ќе биде отворена денеска напладне во галеријата при Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе” во Кавадарци. 

– Леетив Намдаг Жанчиви е дипломат, архитект, слободен уметник, моден дизајнер, поет, раскажувач, преведувач, како и почесен конзул на Монголија во Република Македонија. Дипломирал на Факултетот за архитектура во 1975 година на УКИМ „Кирил и Методиј“ во Скопје. Реализирал повеќе индивидуални и групни изложби од 1970-тите години до денес. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции и збирки на уметнички галерии и компании од Македонија, Монголија, Мексико и САД, соопштија од Домот на културата. 

Намдаг Жанчиви учествувал на повеќе ликовни колонии, познат бил како донатор на своите уметнички дела во добротворни цели, а живее и работи во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни