Одржана нацонална работилница за одржливо управување со шумите

Македонското еколошко друштво во соработка со Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) спроведе дводневна национална работилница за одржливо управување со шумите.

Националната работилница беше посетена од речиси 50 учесници кои имаа можност да ги проследат презентациите од говорниците и да ги разменат своите гледишта на темата.

Директорот на регионалната канцеларија на IUCN, Оливер Аврамовски, потенцираше дека оваа работилница ја гледа како можност за зголемување на комуникацијата и соработката меѓу присутните чинители од различни сектори. Заштитените подрачја ги нарече камен темелници на зачувувањето на природата. Аврамовски истакна дека во глобалната рамка за биолошката разновидност, една од целите е 30 отсто од котлините и морските еко-системи да бидат опфатени со заштитени подрачја, и дека Македонија како земја потписничка на декларацијата треба да се стреми кон тоа.

Државната секретарка од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Даниела Иротова Лазарева ја потенцираше важноста на одржливото управување со шумите. Таа истакна дека Министерстрвото потпишало повеќе меморандуми за одржливо управување со шумите, и дека секојдневно се работи на предвидување на нови мерки кои ќе водат кон обновување на шумскиот фонд, како и санација на опожарените шуми.

Професорот Николчо Велковски од шумарскиот факултет од Скопје презентираше каква е тековната состојба со шумите во Македонија. Најголем дел од шумите се листопадни, односно 59 отсто, а останатите се мешани и иглолисни. Најзагрозени се иглолисните шуми, а една од причините за тоа е што климатските прилики не се во нивна полза. Тој вели дека 40 отсто од територијата на државата е под шума, што е повисоко од нивото во земјите од Европската Унија, па дури повеќе и од Швајцарија. Сепак голем дел од нашите шуми се деградирани или се во фаза на деградација. Само 30 отсто од шумите кои ги имаме се високостеблени шуми., додека 70 отсто се нискостеблени и дреградирани шуми и нивната биолошка разновидност е слаба и имаат слаб потенцијал за обновување. Овој настан се организира во рамките на проектот „Иницијатива северни шуми – обновување на шумите во Македонија и Албанија“ кој го реализираме заедно со PPNEA од Албанија и регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија, и е целосно е поддржан од Шведската поштенска фондација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни