Објавена листа на најтурбулентни летови во светот – рути кои треба да ги избегнувате ако се плашите од летање

Податоците од сајтот за прогноза на турбуленција Турбли, кој анализирал околу 10.000 рути кои поврзуваат 550 најголеми аеродроми, ги откриле најтурбулентни летови во 2024 година


Кога летаат со авион, луѓето се плашат од различни работи, а една од нив е сигурно и турбуленцијата. Турбуленцијата за многумина е најлошиот дел од летањето. Иако е изненадувачки чест феномен, може да биде вознемирувачка – дури и за најискусните патници. Меѓутоа, турбуленцијата често е погрешно разбрана. Таа претставува многу мала опасност за современите комерцијални авиони, а повеќето повреди се случуваат кога патниците не се врзани со сигурносни појаси.

Кога турбуленцијата во авион е опасна?

Турбуленцијата ја дефинира Американската национална метеоролошка служба како појава „предизвикана од изненадни, неправилни движења на воздухот кои создаваат остри и брзи струи“ кои „делуваат во комбинација и неочекувано го поместуваат авионот“.

Најчест тип, кој се нарекува чиста воздушна турбуленција (CAT), го дефинира Федералната управа за воздухопловство (FAA) како „ненадејна, силна турбуленција која се јавува во области без облаци и предизвикува авионот силно да се тресе“. FAA додава дека ова е „посебно проблематично бидејќи често се случува неочекувано и без визуелни знаци“.

Кои рути на летање се најмногу погодени од турбуленција?
Податоците од сајтот за прогноза на турбуленција Турбли, кој анализирал околу 10.000 рути кои поврзуваат 550 најголеми аеродроми, ги откриле најтурбулентни летови во 2024 година.

Рутите се рангирани според „интензитетот на турбуленцијата во дадена точка“.

Рутата од 196 километри помеѓу Мендоза во Аргентина и главниот град на Чиле, Сантјаго, е прогласена за најтурбулентна, додека рутата помеѓу Кордоба во Шпанија и Сантјаго е на второ место, пренесува Independent.

Турбли исто така ги анализирал најтурбулентните летови по континенти, откривајќи дека патувањето од 298 километри помеѓу Ница и Женева е на врвот на листата за Европа, додека во Северна Америка најтурбулентен лет бил помеѓу Албукерки и Денвер, долг 561 километар.

Во Азија, најтурбулентен бил летот помеѓу Катманду во Непал и Ласа во Кина, додека во Африка најтурбулентен бил домашниот лет од Дурбан до Јоханесбург во Јужна Африка, пренесува Н1 Загреб.

Во Океанија, најтурбулентен бил домашен лет помеѓу Крајстчерч и Велингтон на Нов Зеланд. За Јужна Америка, најтурбулентен бил веќе споменатиот лет помеѓу Мендоза и Сантјаго, кој е исто така на врвот на листата на кратки летови под 1.500 километри.

За долгите рути над 4.500 километри со најголема просечна турбуленција, на врвот била рутата помеѓу Најроби во Кенија и Сепанг во Малезија.

Топ 10 најтурбулентни летови во светот според податоците со кои располага Турбли:

  1. Мендоза (MDZ) – Сантјаго (SCL)
  2. Кордоба (COR) – Сантјаго (SCL)
  3. Мендоза (MDZ) – Салта (SLA)
  4. Мендоза (MDZ) – Сан Карлос де Барилоче (BRC)
  5. Катманду (KTM) – Ласа (LKSA)
  6. Ченгду (CTU) – Ласа (LKSA)
  7. Санта Круз (VVI) – Сантјаго (SCL)
  8. Катманду (KTM) – Паро (PBH)
  9. Ченгду (CTU) – Синин (KSNN)
  10. Сан Карлос де Барилоче (BRC) – Сантјаго (SCL)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни