Објавени првите прелиминарни резултати од аутопсијата на Џин Хекман

Првичните резултати од обдукцијата не укажуваат на никакви повреди, ниту пак имало “надворешни трауми”. Покрај телото на сопругата на актерот била пронајдена шишенце со таблети кои се издаваат на рецепт, а тие биле расфрлани по површината во бањата. CNN исто така пренесува дека нивното куче било пронајдено мртво во истата просторија.

Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви на 26 февруари 2025 година во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико.

Актерот неодамна наполни 95 години, додека неговата сопруга имала 63. Со нив бил пронајден и нивниот мртов миленик.

Во полицискиот извештај е наведено дека Џин Хекман бил пронајден во ходникот близу кујната, додека неговата сопруга лежела во бањата со греалка покрај главата. Постои можност Аракава нагло да паднала, но конкретните причини за смртта сè уште не се утврдени. Тестирањата на гасоводот во куќата не покажале знаци на истекување на јаглерод моноксид или труење, пренесува CNN.

Првичните резултати од обдукцијата не укажуваат на никакви повреди, ниту пак имало “надворешни трауми”. Покрај телото на сопругата на актерот била пронајдена шишенце со таблети кои се издаваат на рецепт, а тие биле расфрлани по површината во бањата. CNN исто така пренесува дека нивното куче било пронајдено мртво во истата просторија.

Наредбата за претрес вклучувала дозвола за пребарување на потенцијално запаливи материјали, контролирани супстанци, оружје, ДНК траги и други докази.

  • “Извештаите на медицинските истражители со конечната причина за смрт обично се составуваат во рок од четири до шест недели”, изјави Крис Рамирез, портпарол на Канцеларијата за медицинска истрага на Ново Мексико.
  • “Сакаме да бидеме сигурни дека истрагата е правилно спроведена и да објавиме точни информации”, рече шерифот Мендоза во четвртокот.

Во соопштението на семејството, ќерките и внуците на Хекман наведоа дека се “скршени од болка” по загубата.

  • “Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на нашиот татко, Џин Хекман, и неговата сопруга Бетси”, се вели во соопштението. “Милиони луѓе ширум светот го сакаа и му се восхитуваа за неговата брилијантна актерска кариера, но за нас, тој секогаш беше само татко и дедо. Неизмерно ќе ни недостига.”

Веста за смртта на тројниот оскаровец ја изненади јавноста само неколку дена пред доделувањето на престижните награди на Академијата, кои ќе се одржат овој викенд.

Извор запознаен со подготовките на церемонијата изјавил дека на Хекман ќе му биде оддадена почит за време на доделувањето на Оскарите. Иако деталите сè уште не се финализирани, се размислува за посебен сегмент во “In Memoriam”, кој ќе вклучи негови заслуги за филмската уметност. Можно е на сцената да се одржи посебен омаж, можеби од водителот Конан О’Брајан или некоја друга позната личност која ќе му оддаде чест на овој голем актерски великан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни