Нови жртви на булеварот Партизански одреди

Очевидци информираат дека жената била однесена во болница во тешка состојба, додека детето лежело на тревникот. По 20-тина минути стигнала Итната помош, кои го превезле детето поради опасност од повреда на рбетот.

Нови две жртви на булеварот на смртта Партизански одреди. Две деца беа прегазени вчера попладне на пешачкиот премин на булеварот во Тафталиџе 2, на потегот меѓу мостот Обединети нации и Сити мол, пренесе Канал 5.

Очевидци информираат дека едното дете било однесена во болница во тешка состојба, додека другото лежело на тревникот. По 20-тина минути стигнала Итната помош, кои го превезле детето поради опасност од повреда на рбетот.


Во извештајот на МВР се вели дека полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Инаку ова е последен несемафоризиран пешачки премин на Партизанска и бил предмет на расправии во Собранието на Град Скопје и Сообраќајната Полиција, бидејќи тие ги одобруваат сите сообраќајни проекти (и измени) во Скопје. Сообраќајната Полиција барала од Градот да го аргументира барањето за семафори со броење на пешаците кои го поминуваат булеварот во овој дел, колку од нив се деца, возрасни и сл. Иако и од двете страни на булеварот има основни школи и станбени згради, тие бараа начин како да го одложат, или искомплицираат поставувањето на семафори.

Оттогаш се поминати четири-пет години и проблемот не е решен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни